Лукоил Македонија отвори нова бензинска станица во Радовиш

156

IMG_9064

Лукоил Македонија ДООЕЛ Скопје, на 19-ти овој месец ја отвори новата, 28-ма по ред бензинска станица во Македонија. Бензинската станица во Радовиш, покрај околните бензинските станици на Лукоил во Велес, Штип, Кочани, Струмица и во Гевгелија, ќе ги опслужуваат граѓаните што гравитираат во овој регион  со квалитетни масла и горива, како и високо професионални услуги од персоналот, стои во соопштението.

На отворањето присуствуваа Андреј М. Куку, генерален директор на Лукоил Македонија, Амбасадорот на Руската Федерација Олег Николаевич Шчербак, градоначалникот на Општина Радовиш Сашко Николов, многу граѓани, новинари и членови на локалната заедница.

На новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да ги купат потребните производи од широкиот асортиман, да наточат течен нафтен гас, да се снабдат со Лукоил масла, како и да наточат од горивото Екто, најефикасно гориво на македонскиот пазар што ја зголемува моќноста на моторот што му овозможува на возилото да има побрз старт, а намалена потрошувачка на гориво.

Бензинската станица се наоѓа на булеварот Александар Македонски бр. 1, се простира на 2.500 метри квадратни и е повеќенаменски комплекс со маркет, паркинг за лесни моторни возила и други поволности, што на граѓаните на Радовиш и околните 35 населени места, ќе им понуди дополнителна вредност во насока на зголемување на квалитетот на услуги што ги добиваат, користење на нови технологии за заштита на животната средина и зголемување на енергетската стабилност на околината.

“Горди сме што успеавме да ја отвориме 28 бензинска станица на Лукоил Македонија и да му обезбедиме на локалното население најефикасна и најквалитетна услуга. И оваа бензинска станица како и останатите ќе ги следи светските трендови, новите критериуми и ќе нуди поквалитетни горива и ниво на услуги за да им овозможиме врвно искуство на нашите потрошувачи од Радовиш и околината“, изјави Андреј М. Куку, генерален директор на Лукоил Македонија.

Лукоил е присутен на македонскиот пазар веќе десет години и претставува една од 10 најголеми странски инвеститори во земјава, со вложени повеќе од 45,98 милиони евра во македонскиот енергетски сектор и пласирано над 1 милион тони нафтени деривати на македонскиот пазар.

Во рамките на глобалната групација, Лукоил Македонија беше прогласена за најдобро претпријатие надвор од границите на Русија дури два пати досега, што претставува уште еден доказ дека таа е вистински синоним за најквалитетни горива и врвна услуга во земјава, но и пошироко.