Лукоил прослави 25 години од своето постоење

157

LukOil7

Eдна од најголемите нафтени компании во светот, Лукоил оваа година слави 25 години од своето основање, четврт век посветена работа поврзана со истражување, ископување на нафта и гас, производство и пласман на високо квалитетни нафтени деривати, како и електрична енергија во 35 земји преку разгранетата малопродажна мрежа, стои во соопштението.

Лукоил е компанија којашто со своето работење носи стабилност, сигурност и квалитет на нафтениот пазар. Работи по најсовремени светски стандарди и гарантира квалитет и високо ниво на услуги. Придонесува во светското производство на нафта со преку 2%, а со своето тековно производство обезбедува залихи за наредните 19 години, а кои се дистрибуираат до 5.500 бензински станици во над 22 земји во светот.

“Горди сме на нашиот јубилеј 25 години Лукоил. Вкупно 25 години на успешна работа во еден исклучително конкурентен сегмент, период во којшто успеавме да поставиме високи стандарди на ефикасна и квалитетна услуга. Исто така, горди сме и на нашите достигнувања во Македонија. На македонскиот пазар Лукоил е присутен веќе 11 години, со 28 бензински станици според најсовремените светски стандарди и 400 вработени, со што компанијата прерасна во еден од поголемите снабдувачи со гориво во земјава. Компанијата има динамичен развој, континуирани инвестиции во производство, малопродажни услуги и човечки потенцијал. Токму поради тоа во рамките на глобалната групација Лукоил Македонија дури два пати беше прогласена за најдобро претпријатие надвор од границите на Русија, што претставува уште една потврда за доброто работење. Лукоил денес е синоним за најквалитетни горива и врвна услуга во земјава, но и пошироко, бренд на кој потрошувачите му веруваат. Довербата која ни ја укажуваат потрошувачите и во иднана ќе биде силен мотив за да работиме уште подобро и секогаш да бидеме први во сè, да ја следиме нашата девиза Лукоил секогаш во движење“, изјави генералниот директор на Лукоил Македонија, Андреј М. Куку на прес конференцијата пред македонските медиуми.