Овој телефон личи дека е од филмот Невозможна мисија, бидејќи е првиот паметен телефон во светот кој може да се самоуништи.
Не грижете се, нема да експлодира, туку Boeing Black на своите корисници им овозможува поголема заштита на податоците. Во своите подесувања има печат за доказ и обвивка чија функција предизвикува авто-бришење за сите податоци.
Boeing Black не може да се сервисира и остава се на имагинацијата, бидејќи не се објавени податоците за хардверот и софтверот.
Купувачите ќе ги одобри само Boeing и тоа ќе бидат владини претставници и познати личности. Сите ќе бидат обврзани со договор за тајност.