M Сан Група се уште е најпрофитабилната ИТ компанија во регион

65

IDC Adriatics (најголемата консултантка корпорација  на ИТ развојот во регионот) и оваа година излезе со извештај за најдобри и најпрофитабилни ИТ компании во регионот.

Според нив, најбрзо растечка и најпрофитабилна компанија во ИТ секторот е загрепската ИТ компанија M Сан Група, со остварен приход од 246 милиони евра.

IDC Adriatics во ова истражување ги опфатила ИТ пазарите на Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Албанија. Во последниот извештај освен што е прогласена најдобрата ИТ компанија во регионот, беа преставени вкупните приходи на сите ИТ компании во регионот кои изнесуваат 2,53 милијарди евра и истите вработуваат 13.000 работници.

Според анализите на IDC Adriatics, во последната година ИТ компаниите во регионот и покрај светската економска криза успеваат да остварат задоволителен профит и раст на нивните приходи во просек 1,2% месечно.