Мача – здрава замена за кафе

881

matcha

Фото: Pixabay

Мача е прав од зелен чај што се користи како здрава алтернатива за кафе. Тој има три пати повеќе антиоксидантни својства од останатите зелени чаеви достапни во продажба. Оваа придобивка произлегува од фактот што се користи целиот лист, што е многу подобро од врелата вода и кесичките со чај.

Научно е докажано дека танинот којшто е присутен во правот од зелениот чај Мача помага за намалување, односно контролирање на стресот. Според истражувањето, состојката EGCG значително го намалува апетитот и телесната тежина, а тука помага хормонот лептин, којшто испраќа информација во мозокот дека сте сити.

Освен тоа редовното пиење на чајот овозможува човечкото тело поефикасно да ја користи енергијата. Со секојдневно конзумирање на Мача, дневната доза на потрошена енергија кај возрасните се зголемува 35% – 45%.

Мача чајот за прв пат се сретнува во времето на кинеската династија (618-907 н.е.). Кинеските и Зен будистите за прв пат го донеле чајот во прав во Јапонија во 1191 година. Покрај здравствените придобивки, и вкусот на зелениот Мача чај е една од причините што многу луѓе го заменија кафето со овој напиток.

Правот може да се употреби на повеќе начини, на пример во смути, млечни напитоци или пак да се искористи при подготовка на слатки.