Македонија дел од Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија

45

Министерот за економија, Беким Незири, заедно со Комесарот на Генерелниот директорат за Претпријатија и индустрија при Европска Комисија, Амбасадорот Нели Ферочи, во Брисел, ќе го потпишат Договорот за учество на Македонија во Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија (КОСМЕ) 2014 – 2020.

Програмата има за цел да ја поттикне конкурентноста на компаниите преку обезбедување подобар пристап до финансии, бизнис услуги за поддршка и промовирање на претприемништвото за мали и средни претпријатија, постоечки и потенцијални претприемачи и бизнис организации за поддршка за развојот на бизниси.

Оваа Програма претставува продолжение на Програмата за конкурентност и иновации ЦИП 2007-2014 за која надлежно беше Министерство за економија и која создаде рамка за поддршка на конкурентноста, продуктивноста, иновативноста и одржливиот развој.