Македонија денеска го одбележува Меѓунардниот ден туризмот, под мотото “Одржлив туризам и развој на локалната заедница“.
По тој повод министерот за економија Беким Незири денеска ќе ги додели признанијата на најуспешните во категориите хотели, “инкаминг“ туристички агенции, ресторани и манифестации кои во претходната година со нивните активности придонеле за подобрување на туристичката понуда во Република Македонија.
Вкупно ќе бидат доделени 16 плакети, по четири во секоја категорија.
Светски ден на туризмот е воспоствен со цел подигање на свеста и важноста на туризмот и неговите општествени, културни, политички и економски вредности.
По повод Денот на туризмот, честитка упати Стопанската комора за турзам на Македонија на сите чинители за развој на туризмот.
“СКТМ ја препозна потребата за одржлив туризам и се приклучува со потпишување на Глобалниот Етички кодекс во Туризмот од приватниот сектор со UNWTO на 29 јули 2014 година како 40. земја во светот која го потпша овој документ“, соопштуваат од Комората.
Стопанската комора за Туризам на Македонија е формирана во 2008 година, а целта е поттикнување, подршка на локални, национални и меѓународни иницијативи за унапредување на одржливиот развој на туризмот во Република Македониоја.
За остварување на целите и задачите, СКТМ ги мобилизира и организира туристичките работници на Република Македонија.