Македонски Телеком со апел до корисниците во Охрид

47

Македонски Телеком АД Скопје ги известува своите корисници дека поради планираното исклучување на електрична енергија од страна на ЕВН и Мепсо на подрачјето на Охрид, за време на викендот можно е да се јават одредени прекини во користењето на интернет и IPTV сервисите.

Се апелира корисниците во Охрид да ја исклучат опремата во своите домови (рутер, модем, телевизиски апарат, компјутер) пред да почне интервенцијата на преносната електрична мрежа. Интервенцијата во електричната мрежа ќе се изведува во сабота (13.04.2013) од 08 до 16 часот и во недела (14.04.2013) од 08 до 18 часот.

По завршувањето на интервенцијата од страна на ЕВН и Мепсо, корисниците на Македонски Телеком ќе можат да ја вклучат опремата и непречено да ги користат интернет и IPTV сервисите.