Компанијата Макпетрол ја намалува цената на течниот гас, плин, од 31,5 на 28 денари за литар. За пет денари се намалува и цената на природниот гас, метан, па наместо за 48 ќе се продава за 43 денари за килограм, пишува Телма.
Намалувањето, како што се наведува, на цената на метанот се должи на поволниот договор што Макпетрол го склучи со руската компанија Газпром.
Цената на природниот гас за индустриска потрошувачка се намалува за 5,5 денари за метар кубен, па така наместо 29,9 ќе се продава по 24,5 денари.