Макпетрол ќе исплаќа дивиденда од ланската добивка

48

makpetrol

Макпетрол донесе предлог одлука за плаќање дивиденда по годишна сметка за 2016 година.

“На акционерите на Макпетрол се одобрува плаќање на дивиденда во висина од 112.382.000 денари бруто, односно 1.000 денари бруто за една акција“, стои во предлог одлуката.

Датум на пресек на акционерската книга, според којашто се определува листата на акционери кои имаат право на исплата на дивиденда е 12-ти јули 2017 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда се утврдува 07.07.2017 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 10-ти јули.

Исплатата на дивиденда, како што стои во предлог одлуката, ќе се изврши до 30-ти септември оваа година.

Макпетрол донесе предлог одлука за распоредување на добивката по годишна сметка за 2016 година.

Тековната добивка за 2016 година, според предлог одлуката, во вкупен износ од 376.788.154 денари се распоредува на: 30.245.391 денари за покривање на загуба од минати години; 18.839.408 денари за задолжителна општа резерва; 112.382.000 денари за исплата на дивиденда 3,175%; 171.010.355 денари за посебни резерви за стекнување сопствени акции со откуп; 7.396.000 денари за исплата на членовите на Управниот одбор; 1.915.000 денари за исплата на раководни лица и 35.000.000 денари за исплата на вработените.

Собранието на акционери на Макпетрол е закажано за 10-ти јуни оваа година.