Макпетрол со добивка од 13 милиони денари ја заврши минатата година

44

makpetrol

Нафтената компанија Макпетрол ланската година ја заокружи со вкупна сеопфатна добивка во висина од 13.068.000 денари, покажува неревидираниот и неконослидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата работеше со загуба во висина од 106.166.000 денари.

“Основни причини за искажаната добивка се: зголемување на остварената продажба на енергенси за 10 индексни поенти, со што е зголемен и пазарниот удел на компанијата, намалените расходи од камати во однос на минатата година за 23 индексни поени, зголемени приходи од камати и курсни разлики во однос на минатата година за 34 индексни поени, како и намалените трошоци за суровини и други материјали за 25 индексни поени“, стои во Образложението за настанатите значајни промени во финансискиот резултат.

Вкупните приходи од продажба во 2015 година достигнаа 18.333.022.000 денари. Од тој износ на домашен пазар отпаѓаат 17.614.299.000 денари, додека на странски пазари се реализирани 718.723.000 денари.