Компанијата Макпетрол, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 305.737.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во текот на деветте месеци од 2019-та година, компанијата прикажа добивка од 609.830.000 денари.
Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти септември оваа година, изнесуваат 12.353.604.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 12.092.117.000 денари, а остатокот од 261.487.000 денари е продажба на пазари во странство.
Вкупните приходи од продажба во истиот период лани, изнесуваа 16.854.545.000 денари.
Фото: Freepik