Компанијата Макпетрол, од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа 269.317.000 денари вкупна сеопфатна добивка, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период претходната година, компанијата работеше со загуба во висина од 145.949.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година изнесуваа 12.133.765.000 денари. На домашен пазар се реализирани 11.706.431.000 денари, додека остатокот од 427.334.000 денари е остварен на пазари во странство.
Основна дејност на Макпетрол е снабдување со нафта и нафтени деривати.