Макпетрол за шест месеци оствари добивка од 217,8 милиони денари

63

Макпетрол во првото полугодие од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 217.835.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата евидентираше добивка од 328.000.000 денари.

Основни причини за остварената добивка, според Образложението на промените во консолидираните финансиски резултати, се: зголемена вкупна продажба на енергенси во малопродажбата од 4%; зголемување на приходите од продажба на странски пазар за 16%; зголемување на оперативната добивка за 4%; зголемување на приходите од вложувања, камати и курсни разлики во однос на истиот период од минатата година за 27%; намалување на финансиските расходи за 16%; негативно влијание врз остварената добивка е најизразено кај зголемување на расходите за вредносно усогласување на тековните и на нетековните средства, како и зголемената набавна вредност.

Вкупните приходи од продажба, заклучно 30-ти јуни оваа година, достигнаа вредност од 10.289.166.000 денари. Поголемиот дел од нив или 9.728.094.000 денари е остварен на домашен пазар, додека остатокот од 561.072.000 денари е остварен на пазари во странство.

Фото: Pixabay