Во првото полугодие Макпетрол прикажа вкупна сеопфатна добивка вредна 109.275.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период минатата година,компанијата оствари загуба од 243.425.000 денари.
“Макпетрол оствари вкупен приход во износ од 7,46 милијарди денари, којшто е помал од минатогодишниот за 1,5 милијарди денари. Ваквото намалување на приходите се должи исклучително на ефектот од намалувањето на цените на дериватите во однос на истиот период од минатата година бидејќи, истовремено, физичкиот обем на вкупната продажба на стока и услуги на Макпетрол е зголемен за 16%“, стои во Образложението на промените во финансиските резултати.
Вкупните приходи од продажба во првите шест месеци од годината беа 7.323.143.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 7.066.867.000 денари, додека на пазари во странство 256.276.000 денари.