Пандемијата на коронавирус е катастрофален удар за светската економија, според претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас. Тој предупреди дека егзистенцијата на милијарди луѓе ќе биде погодена од пандемијата и предвиде дека економската криза може да трае една деценија.
Во мај, Малпас предупреди дека 60 милиони луѓе можат да бидат втурнати во екстремна сиромаштија од ефектите на коронавирусот. Светската банка ја дефинира екстремната сиромаштија како живот со помалку од 1,90 долари по човек дневно.
Сепак, во интервјуто за радио BBC, Дејвид Малпас рече дека повеќе од 60 милиони луѓе би можеле да поминуваат со помалку од еден долар на ден.
“Комбинацијата на самата пандемија и блокадите значи милијарди луѓе чијшто егзистенција е нарушена. Ова е причина за загриженост. И директните последици – изгубениот приход, но и последиците по здравјето, социјалните последици, се навистина сериозни“, додаде претседателот на Светската банка.
Тој објасни дека најмногу страдале оние што можат да си го дозволат тоа најмалку.
“Можеме да видиме дека индексите на берзата во Соединетите држави се релативно високи, а сепак луѓето во сиромашните земји не само што не се невработени, туку и не можат да најдат работа, дури и во неформалниот сектор. И ова ќе има последици за една деценија“,посочува тој
Светската банка, заедно со своите партнери, ги поддржува најтешко погодените земји, но вели дека е потребно многу повеќе. Институцијата ги повикува трговските доверители, како што се банките и пензиските фондови, да понудат олеснување на долговите за сиромашните земји.
Фото:Pixabay