
„САД ќе банкротираат без намалување на буџетските трошоци“, рече Илон Маск.
Соединетите држави мора брзо да дејствуваат за да постигнат намалување на дефицитот од трилиони долари, изјави шефот на Одделот за владина ефикасност (DOGE), Илон Маск, на првиот состанок на кабинетот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Маск предупреди дека земјата ќе банкротира без намалување на трошоците, пренесува Ројтерс.
Трамп го започна својот прв состанок на владата во неговиот втор мандат, а на состанокот присуствува и технолошкиот милијардер Илон Маск, кој формално не е член на владата.
Белата куќа претходно објави дека Маск присуствува како советник на претседателот Доналд Трамп и дека ќе добие совети и насоки за Одделот за владина ефикасност (DOGE), со кој тој раководи, објави Си-Ен-Ен.