McDonald’s и Burger King ги елиминираат пластичните играчки за деца од оброците

74

McDonald’s и Burger King ќе престанат да даваат пластични играчки за деца коишто беа дел од оброците. Овој чекор е дел од заложбите на двете компании за намалување на пластичниот отпад и заштита на околината.

Речиси 1,2 милијарди McDonald’s Happy Meals оброци за деца се продаваат секоја година во светски рамки, пишува Independent.

Од Burger King велат дека ланецот за брза храна беше натеран да ги отстрани пластичните играчки од оброците за деца, по креирање онлајн петиција од страна на неколку ученички.

Од следниот месец корисниците на McDonald’s ќе можат да ги заменат пластичните играчки со овошје, а од следната година и со книга.

Фото: Facebook