Меган Маркл одлучи да инвестира во компанија што произведува инстант млеко од овес. Станува збор за компанијата Clevr Blends, која продава четири вкусови на овесно млеко во прав, и наплатува 14 кесички за 28 долари. Компанијата тврди дека нејзините производи се одржливи и здрави. Директорката на овој стартап, Хана Мендоза, ја формираше компанијата во 2019 година со Роџер Копола.
“Ова е инвестиција во страсна жена претприемач на која приоритет и е заедницата, а не само на развој на бизнис“, рече Маркл и додаде дека е горда на инвестицијата и создавањето на производ што таа лично го сака.
Меган Маркл не откри колку пари инвестирала во овој бренд.
Овесното млеко е голем хит во прехранбената индустрија, па ова е “трендовска“ инвестиција. Во јули, Опра Винфри и Натали Портман инвестираа во слични компании.
Фото: Facebook