Меѓународен бизнис самит на тема Водење на бизнис во општество на податоци

164


Денес, во хотелот Холидеј Ин во Скопје се одржува меѓународниот бизнис самит во организација на CEED Македонија и WorldChicago за водење на бизнис во општество базирано на податоци. Големиот проток на податоци ги обликува речиси сите бизниси на начин што не можеше да се замисли пред неколку години. Токму затоа овој самит нуди информации што ќе помогнат на бизнис заедницата подобро да го испланира и правилно да го води својот бизнис во едни вакви услови.

Дефинирајќи ги податоците како “новото гориво на иднината“, претприемачи, претставници на бизнис секторот и експерти од Македонија, САД и други земји на Балканот, ја разработија проблематиката поврзана со правилно управување на податоците за подобрување на работата и резултатите во бизнис секторот.

Преку обработување на темите од овој самит, бизнис заедницата во Македонија се здоби со знаење како да ја препознае вредноста на податоците и нивните предности, како успешно да ги менаџираат податоците за подобрување на своите бизнис и маркетинг стратегии, како и за правилно донесување на деловни одлуки.

На денешниот самит се одржуваат четири сесии:

  • Како сајбер безбедноста и податоците влијаат на бизнисот,
  • Креирање бизнис користејќи хетерогени податоци,
  • Водење на бизнис во општество управувано од податоци,
  • Бизнис управуван од податоци.

Своите знаења и искуства на оваа тема ги споделија голем број говорници од Македонија, САД и други земји од регионот.