Меки вештини што треба да ги поседува секој лидер

214

Освен технички вештини, успешниот лидер треба да ги совлада и меките вештини. Познати кај луѓето како интерперсонални вештини, меките вештини како преговарање, градење на морал и одржување на односи се клучни за успехот на лидерот. Ова се вештините кои треба да ги поседува лидерот за да биде успешен во извршување на неговите задачи.

Слушање

Оние кои добро комуницираат не само што се вешти во артикулирање на своите мисли тие, исто така, се и одлични слушатели. Успешниот лидер ја разбира важноста на слушањето на идеите на другите луѓе.

Совет: Посветете внимание на соговорникот, фаќајте забелешки, не осудувајте и бидете отворени за мислења.

Комуницирање

Комуникацијата е од суштинско значење за формирање и одржување на односи. Лидерот кој разменува идеи може полесно да управува со вработените и да создаде продуктивна работна средина.

Совет: Комуницирајте со учтивост и покажете доверба. Избегнувајте ги зборовите: ’можеби’, ’веројатно’, ’побрзо’.

Пренесување лоши вести

Никој не сака да соопштува лоши вести, но секој лидер знае дека тоа е дел од работата.

Совет: Подобро е да ги соопштите лошите вести лично отколку преку електронска пошта или белешка. Бидете искрени и дајте им можност на вработените да одговорат и разговараат како вестите влијаат врз нив.

Преговарање

Лидерот преговара во текот на денот со клиенти, вработени, пријатели, семејство. Успешниот преговарач внимава на желбите на другите, туркајќи го она што тој го сака.

Совет: Гледајте ја ситуацијата низ очите на другата личност, бидете подготвени да понудите неколку опции, покажете дека имате разбирање и понудете се да помогнете на некој начин со што ќе покажете дека сте тимски играч.

Критикување

За лидерот надгледувањето на вработените кои во целост не ја извршуваат својата работа, давањето критика е од голема важност за одржување на стандардите на компанијата.

Совет: Не критикувајте пред останатите вработени, бидете конкретни и кажете што треба да смени работникот.

Справување со “тешки“ луѓе

Во секоја канцеларија има “тешки“ вработени чие однесување и ставови може да ја загрозат хармонијата на работното место. Лидерот мора да знае да се справи со ваквите вработени.

Совет: Справете се со проблемот поскоро. Користете документирани информации кога укажувате на неприфатливо однесување и спроведете план за коригирање на однесувањето.

Добри манири

Лидерот кој манифестира добри манири гради позитивни односи со вработените, но дава и пример што треба да го следат и останатите во канцеларијата.

Совет: Почитувајте го времето на другите, не доцнете на состаноци, не го прекинувајте соговорникот…

Признание за добро завршена работа

Добриот лидер дава признание за одлично завршена работа.

Совет: Прославете го успехот на колегата кој добро завршил одредена задача на состанок каде и другите ќе може да честитаат.