Melanoma check – хрватска апликација за проверка на сомнителни бенки

209

koza-i-nokti-pixabay

Фото: Pixabay

Пет студенти од Хрватска создадоа апликација за проверка на сомнителни бенки под името Melanoma check, пишува Пословни дневник.

Нивната цел е да направат едноставна и лесно достапна мобилна апликација којашто на основа на една слика може да направи проверка на бенката, односно нејзината малигност и да препорача посета на лекар.

“На вести видовме дека ракот на кожа е сè поголем проблем бидејќи многу малку луѓе одат на прегледи, а поради климатските промени опасноста од УВ зрачењето станува поголемо. Како што работевме на алгоритам за препознавање на слики, сфативме дека е можно на основа на една слика да се процени малигноста на бенката“, вели Блаж Багиќ, лидер на тимот.

Тие работат на привршување на прототипот на темелен алгоритам за препознавање на слики и работата на негово усовршување, а паралелно со тоа ја развиваат и апликацијата. Алгоритамот за препознавање на слика се темели на бројни параметри и обрасци и укажува на потенцијалната опасност што ја носи бенката. Од тимот нагласуваат дека апликацијата не е замена за лекарски преглед.