Компаниите Meta и UFC се здружуваат во заеднички проект чија цел ќе биде да воведат VR технологија која ќе им овозможи на гледачите да гледаат борби во виртуелна реалност.
UFC е познат по тоа што тврди дека е „најреален бренд“, но борбите би можеле да станат уште „пореални“ за гледачите откако организацијата се здружи со извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг. Целта на нивната соработка е прикажување на UFC натпревари во виртуелна реалност.
Цукерберг е отворен за VR технологијата и, инвестира околу 1,2 милијарди долари во неговиот концепт Metaverse, платформа која можеби најдобро може да се опише како интеграција на стандардни видео повици и 3D технологија.
Додека Метаверс е зафатен од гласини за намалена корисничка база и неимпресивни кориснички искуства, тоа не го спречи Цукерберг, еден од најбогатите светски претприемачи, да се обиде да создаде нов сојуз со цел конечно да го натера светот да усвои VR технологија.
Реализацијата на договорот меѓу Цукерберг и претседателот на UFC, Деја Вајт нема да потрае долго бидејќи ќе следи веќе овој викенд во случајот со настанот LFA за кој UFC има права за пренос преку својата платформа Fight Pass.