На островот Пемба, познат како Зелениот остров, кој се наоѓа во Танзанија, Африка, се отвори нов мини хотел за сите оние што уживаат во авантурите и подводниот свет. Резортот го носи името Mанта, а гостите преку подводна соба се спуштаат во длабочините на морето.
Посетителите можат да се сончаат на горната палуба, а за време на попладневниот оброк да уживаат на самото морско ниво. Навечер за да стигнат до својата соба тие нуркаат под вода и попатно се дружат со морските риби.
За да се постигне уште поголем ефект, апартманот кој е сместен четири метри под вода е осветлен од подземни светилки кои овозможуваат гостите да го набљудуваат подводниот тропски рај на Индискиот Океан.
На Пемба островот најлесно може да се стигне со чартер летови од Занзибар.
Мини резортот кој плови во вода е дизајниран од компанијата Genberg Underwater Hotels од Шведска, која го отвори својот прв подводен резорт во Шведското езеро близу Стокхолм во 2000 година.
Цената за престој во Манта резорот е 750 долари по човек за вечер.