Британскиот производител Mini ја претстави специјалната верзија на моделот Countryman наречена Boardwalk која ќе пристигне во ограничена серија.
За Countryman Boardwalk од Mini велат дека е “опремен за предизвиците од секојдневниот живот како и за спонтаните екскурзии надвор од градските лимити и авантури на неурбаните терени“. Mini Countryman Boardwalk се одликува со Deep Laguna металик боја со црни детали над сводовите од тркалата, предниот браник, страничните прагови, ретровизорите, покривот и 19-инчните тркала.
Името е референца на променадите на традиционалните морски ресорти во Велика Британија. Поради ова, Mini Countryman Boardwalk вклучува и уникатен беџ инспириран од дрвените греди традиционално поставени хоризонтално и дијагонално долж овие променади.
Во внатрешноста се наоѓаат Boardwalk логоа на страничните прагови и централната конзола која му дава на автомобилот уникатен допир. Голем број опции од пониските Countryman модели исто така се додадени, вклучително и Interior пакетот и Mini Excitement пакетот кои вклучуваат амбиентално осветлување, осветлени рачки и проекции на надворешното лого на ретровизорите. Тука е и дигиталниот инструмент кластер заедно со 8,8-инчниот екран, Apple CarPlay, информации за сообраќајот во реално време и голем број сервиси базирани на апликации како дел од Navigation пакетот.
Стандардната опрема исто така вклучува и Mini Youts кожа и Comfort Plus пакет кои носат греење на седиштата, патосници, асистенција за паркирање, предни паркинг сензори, како и предна и задна камера.
Mini Countryman Boardwalk е достапен со трицилиндерски бензински мотор кој испорачува 136 КС, или со четирицилиндерски бензинец со 178 КС.
Преземено од Avtoplus.mk