Mirage house: Невидлива оаза среде Егејско море

91

kuka grcija bazen 123

Грчкото архитектонско студио Kois Associated Architects проектираше куќа на островот Тинос, чиј покрив е огромен базен, додека остатокот од куќата е вграден во самиот остров и е во знакот на енергетската ефикасност.

Mirage house, како што пишува Croenergo.eu, е дизајнирирана како невидлива оаза чии станари можат да уживаат во панорамскиот поглед на Егејското море, без притоа некој да им ѕирка во приватноста.

grcija kuka

Архитектите одлучија куќата да ја сместат во пејсажот и да направат огромен отворен дневен престој над кој ќе се издига огромен базен кој, освен што ќе ги освежува станарите во текот на летните месеци, ќе ја обезбеди потребната приватност од љубопитните туристи и посетители на островот.

Никос Патсиаорис, лидер на проектот, истакнува дека базенот, во однос на околината, создава илузија на фатаморгана и одлично се вклопува во околината на целиот остров.

Ѕидовите кои го окружуваат интериерот се направени со помош на традиционален метод, додека задниот дел од куќата е направен од земја со слоеви вегетација за да се одржува внатрешната температура во самата куќа без да се вгради дополнителна климатизација.

kuka grcija vnatre

Во однос на внатрешноста на куќата, архитектите направија едноставен распоред на три спални соби со тоалет и посебна кујна, одвоена од дневниот престој, кој се простира на околу 200 метри квадратни.

Материјалите што се користеле при изработката на оваа куќа имаат мало влијание на околината и нудат мошне ефикасна изолација, додека базенот на покривот обезбедува термална изолација и заштита од жешкото сонце.

grcija kuka 3

Конечниот резултат е куќа со добро смислена стратегија за употреба на материјалите и спој на иновативните и традиционалните начини на градење, со што се обезбедуваат сите потребни елементи за водење модерен живот далеку од стресот што го носи секојдневието.