ММФ: Економските прогнози ќе бидат уште полоши

58

Претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева изјави дека прогнозата за раст на економијата, која ќе се објави овој месец, ќе биде полоша од претходните.

“Прогнозата за повеќето земји ќе биде ревидирана надоле, а само за неколку нагоре“, изјави Георгиева во обраќање на конференција за улогата на ММФ во изградба на економска стабилност во светот, одржана преку интернет во организација на Институтот GLOBSEC со седиште во Братислава.

Таа нагласи дека од Втората светска војна ниедна криза не предизвикала толку силен ефект нa глобално ниво како Ковид – 19.

Истакна дека сите проценки говорат дека 170 економии, вклучувајќи ги и европските земји, оваа година ќе завршат со помал национален приход по глава на жител во однос на претходните.

Фото: Facebook