МЗТ Пумпи оствари вкупна сеопфатна добивка од 400.000 денари, покажува билансот на успех за 2016 година, објавен на Македонска берза.
Компанијата во текот на 2015 година прикажа добивка од 166.000 денари.
Во периодот јануари – декември 2016 година, МЗТ Пумпи оствари 146.467.000 денари вкупни приходи од продажба. Од нив, на домашен пазар се реализирани 62.976.000 денари, додека на пазари во странство отпаѓаат 83.491.000 денари.
Приоритетна дејност на МЗТ Пумпи е производство и монтажа на пумпи, турбини, хидраулична и еколошка опрема и компресори.