На Денот на пиратеријата ќе се уништуваат предмети во Дрисла

41

По повод Денот на пиратеријата, Координативното тело за интелектуална сопственост организира јавно уништување на одземените производи со кои се повредени правата од интелектуална сопственост.
Во депонијата Дрисла ќе бидат уништени сите производи кои се одземени во акциите на Координативното тело и државните инспекциски ограни.
Од Координативното тело за интелектуална сопственост се надеваат дека со јавното уништување на производите со кои се повредени правата од интелектуална сопственост, ќе се подигне свеста кај граѓаните за значењето на правата од интелектуална сопственост.