Националната кампања Јас внимавам со донации во Куманово

47

kampanja-jas-vnimavam-donacii-vo-kumanovo-6

Како дел од активностите на кампањата Јас внимавам на Окта, во основните училишта Кочо Рацин и Толи Зордумис од Куманово, беа поставени едукативни сообраќајни полигони. Оваа донација во согласност со кампањата има за цел да им овозможи сообраќајна едукација на најмладите учесници во сообраќајот и да ги научи како најбезбедно да се однесуваат во истиот, стои во соопштението.

Освен тоа, сите ученици добија едукативни боенки, а за нив беше изведена и претставата Јас Внимавам, преку чии едукативни пораки полесно ќе се совладаат сообраќајните знаци и правила. Ваквата донација, осма по ред, ќе се реализира и во други основни училишта ширум Македонија до крајот на годината.

Годишната кампања, Јас Внимавам иницирана од компанијата Окта и со поддршка од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е наменета да ја подигне свеста за безбедноста во сообраќајот и да влијае на сообраќајната култура во земјава.