Над 11 милијарди денари трошоци за заштита на животната средина во 2018 година

240

Вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2018 година изнесува 11. 232.421.000 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупните трошоци за заштита на животната средина, според еколошката намена, се распределени како што следи: најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпад (64,2%), потоа учеството на трошоците за образовни, воспитни и други слични активности (9,7%) и трошоците за управување со отпадни води (9,4%).

Трошоците за заштита на животната средина се состојат од две компоненти: инвестиции во средства за заштита на животната средина и трошоци за одржување на средствата за заштита на животната средина. Учеството на инвестициите во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 74,7%, а учеството на трошоците за одржување во вкупните трошоци за заштита на животната средина изнесува 25,3%.

Од вкупните трошоци за заштита на животната средина, најмногу трошоци се направени во индустријата и специјализираните производители, 8.992.016.000 денари, односно 80,1%.

Од направените трошоци за заштита на животната средина во индустријата и специјализираните производители, 83,9% се наменети за инвестиции, а 16,1% се за одржување на средствата.

Од вкупните плаќања и надоместоци за извршени услуги за заштита на животната средина, најголемо е учеството на платените надоместоци за постапување со отпад, 84,9%.

Фoто: Pixabay