Нафтена компанија чува 56,6 милиони евра на сметка во банка во Црна Гора, додека “најдебелата“ сметка на физичко лице е 17,9 милиони евра, пишува црногорска Pobjeda.me.
Според прелиминарните податоци на тамошната централна банка, во Црна Гора има 66 милионери, кои на банкарските сметки имаат над еден милион евра.
“Депозит поголем од милион евра имаат 254 правни лица, од кои од еден до пет милиони евра имаат 197 правни лица. Депозити поголеми од пет милиони евра имаат 57 правни лица. Најголемиот депозит на правно лице е 56,6 милиони евра е од областа на трговијата со нафта“, пишува Pobjeda.
И кога се во прашање физички и правни лица, црногорската централна банка не ги соопштува имињата на фирмите и физичките лица, бидејќи тоа законот не го дозволува.
Во Црна Гора има над 30.000 деловни субјекти. За разлика од бројот на милионери во Црна Гора, многу е поголем бројот на оние кои на сметките немаат ништо – односно се блокирани. Според податоците, блокирани се сметките на 18.000 компании и претприемачи.
Фото: Pixabay