Новиот луксузен трговски центар кој ќе се гради во Варшава, а зад чија изградба стои најбогатиот човек во Полска, Јан Калчек, ќе го носи името ETHOS. Центарот е всушност заеднички проект на Калчек со американскиот градежен магнат Лери Силверстајн, под покровителство на истоимената заедничка компанија Kulczyk Silverstein Properties (KSP).
Градбата која се наоѓа на Плоштадот на трите крстови (Plac Trzech Krzyzy) беше купена претходно годинава за приближно 50 милиони евра, а компанијата моментално чека градежна дозвола за преуредување на зданието.
Како што велат од KSP, трговскиот центар ќе биде дом на најлуксузните светски брендови и на некои нови кои се уште го чекаат своето лансирање на полскиот пазар.
Најбогатиот човек од Полска ја започна својата кариера во бизнисот во 1988 година, како тогаш единствен дилер на автомобили од марките Volkswagen и Audi во државата.
Покрај неговите глобални инвестиции во нафта и гас, Калчук неодамна ги прошири своите интереси во зелената енергија.