За помалку од два месеци, индискиот милијардер Мукеш Амбани прибра околу 15 милијарди долари за неговата технолошка компанија Jio Platforms од инвеститори како што се Facebook и други технолошки гиганти од Силиконската долина.
Сега тој привлекува моќен инвеститор со длабок џеб: Саудиска Арабија, пишува CNN.
Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија ќе одвои 1,5 милијарди долари за 2,3% од акциите во Jio Platforms, дигитална компанија што е дел од конгломератот Reliance Industries на Амбани. Договорот што беше објавен вчера му помогна на Jio Platforms да го заврши денот со вредност од 68 милијарди долари.
Ова е 10-та поголема инвестиција во Jio Platforms од април оваа година, кога Facebook одвои 5,7 милијарди долари во еден од најголемите договори.
Фото: Freepik