Најдобрите аll inclusive хотели во светот

73

Пакетите аll inclusive (се е вклучено во цената) се одличен начин да го избегнеме стресот. Се што ни треба е на една рака растојание и не е потребно да се троши драгоцено време во трчање до банкоматот. All inclusive пакетите се наметнале како идеална опција за организирање на евтин и пријатен одмор. Според читателите на Trip Advisor, најдобрите хотели кои работат по системот all inclusive се во Латинска Америка – Мексико, Куба, Доминиканската Република. Меѓу европските хотели, на највисоки позиции се хотелите во Турција.

5

5. Excellence Playa Mujeres, Канкун, Мексико

Овој луксузен хотел е лоциран во најпопуларното одморалиште на Мексико, познато по белиот песок и модрата вода. Исклучителни ентериери, беспрекорна услуга, внимание на секој детал и услугите можат да одговорат на високите барања на најпребирливите гости.

Jamaica-Photo-Iberostar-Grand-Hotel-Rose-Hall-11

4. Iberostar Grand Rose Hall, Rose Hall, Јамајка

Јамајка се уште не е вклучена во списокот на најпопуларните дестинации, но веселиот остров има што да понуди. Хотелот само за возрасни има 15 барови и 11 ресторани и нуди забава како голф, спа, водени спортови и тенис.

3

3. The Beloved Hotel, Канкун, Мексико

Замислете ги последните денови од летото на синото море во овој раскошен хотел со пет ѕвездички во Канкун. Ако барате романтика и стил, луксузниот The Beloved Hotel нуди приватни базени, спа и џакузи за релаксирачки одмор.

2

2. Royalton Cayo Santa Maria, Куба

Овој комплекс од луксузни бунгалови е лоциран на мал остров, кој и припаѓа на Куба. Островот припаѓа на архипелагот со најромантичното име Кралските градини и е под заштита на УНЕСКО.

1

1. Iberstar Grand Hotel Paraiso, Мексико

Одморалиштето Playa Paraiso е окупирано од страна на пет хотелски комплекси кои се наоѓаат во близина една со друга. И најголемиот Гранд Хотел е посебно дизајниран за семејства со деца. Овде можете да нуркате, да истражувате корални гребени, можете да се одморите во средината на живописната затскриена лагуна во посета на уникатни тематски паркови. Вистински рај со тиркизна вода и бел песок.