Италија е пред колапс поради рапидното ширење на корона вирусот, но и големиот број на смртни случаи што го надмина оној во Вухан, од каде што почна пандемијата.
Според World’s top exports, извозот на Италија лани достигна вредност од 532,7 милијарди долари. Над 64% од извозот на Италија отпаѓа на земјите од Европа, додека 15,7% на извоз во Азија.
Меѓу земјите каде што Италија извезува најголем дел од своите производи се: Германија (65 милијарди долари), Франција (55,8 милијарди долари), САД (51 милијарда долари), Швајцарија (29,2 милијарди долари) и Велика Британија (27,9 милијарди долари).
Фото: Pixabay