Најлуксузните јахти во Европа

167

Ако сакате да ги видите најубавите, повеќето невообичаени и најголеми јахти во Европа, одете во Монако. Потребно е да го посетите највозбудливиот настан на есента во Медитеранот – Monaco Yacht Show. Кои се најлуксузните јахти оваа година, ајде да видиме:

Quattroelle

1

88 метари луксузната јахта од Lürssen го носи името Quattroelle ( “четирите Л”, означуваат љубов, живот, слобода и луксуз). Таа е најскапата јахта покажана на саемот оваа година. Нејзината цена за изнајмување за една недела изнесува еден милион евра. Изградбата на јахтата е реализирана во текот на две години, според желбите на сопственикот. Германското бродоградилиште работи во тандем со италијанските дизајнери од Нуволари – Ленард студио.

1a

Внатрешноста веројатно може да се опише дека е во модерен и еклектичен стил. Луксузен стан зазема половина од палубата, има кабина за децата, библиотека, канцеларија, кино, салон со пијано, сауна, соба за масажа и барови – наменети за семејството и бројни гости.

Chopi Chopi

2

Другото 80 – метарско италијанско ремек дело е Chopi Chopi. Ова не само што е најголемата јахта некогаш изградена од бродоградилиштето CRN, туку и најголемата јахта изградена во Италија во последните две години. Јахтата е наменета за либански бизнисмен.

yacht_monaco2a

Секоја кабина има излез кон надворешните палуби, а сопственикот ќе располага со џакузи и базен. Со 100 -те квадратни метри дефинитивно спаѓа меѓу најголемите и најлуксузни јахти.

J’Ade

yacht_monaco3

CRNво Монако покажа невообичаено технолошко решение во стилот на филмовите за Џејмс Бонд. Луксузната јахта од 60 метри J’Ade е направена од челик и алуминиум, со префинет италијански ентериер, базен, со турска бања, зона за релаксација, забава и необична гаража со чамец.

Event

yacht_monaco4

Уште една луксузна јахта од 60 метри со името Event го претстави холандскиот бродоградител Amels. Таа повеќе изненадува со необични форми во стилот кој се наметнува во последниве години – со вертикален нос. Уште со појавувањето на јахтата беше објавено дека за неделно изнајмување ќе чини по 450.000 евра.

Ocean Paradise

yacht_monaco5

Луксузната јахта од 55 метри Ocean Paradise, изградена оваа година во италијанското бродоградилиште Benetti, не само што плени со софистициран ентериер изработен од природни материјали, мермер, оникс, туку и со необични решенија, пространи тераси и луксузни салони. Јахтата ја освои наградата RINA Green Plus за примена на безбедносни технологии и решенија за заштита на животната средина.

GalacticaStar

yacht_monaco6

Бродоградилиштето Heesen ја претстави јахтата од 65 метри GalacticaStar. Јахтата развива до 28,8 јазли и е со 30% помала потрошувачка на гориво. Тоа навистина е технолошка иновација.

yacht_monaco6a

Прекрасните форми на куќиштето, удобните простории, скапиот и стилски ентериер го дополнуваат шармот на оваа јахта. Таа ја освои наградата Baccarat Prix Du Design за најдобар ентериер и ја доби наградата од принцот на Монако Алберт II.

Nameless

yacht_monaco7

40 метри јахтата Nameless беше претставена од италијансккиот производител Mondo Marine, кој со години се грижи за ентериерот на јахтите на руските клиенти. Со оваа јахта италијанскиот производител става крај на класиката и се ориентира кон нови нивоа на луксуз.

yacht_monaco7a

Квалитетот на употребените материјали и дизајн се импресивни, изработени од мермер и оникс во разни бои и форми. Тие не се поставени само на вообичаените места, туку и по подот и бањата. За единствената тапацирана кожа, оваа јахтата ја освои наградата на европските производители на кожа.