Коцкаста, црна, жолта лубеница, редок вид на грозје со интересна боја се само дел од овошјата чии парчиња достигнуваат вртоглави цени. Русите се луди по лубеницата која е во форма на коцка, а Јапонците користат интересни технологии за да ги усовршат видовите на овошје до одреден степен на перфекција.
5. Коцкаста лубеница, 800 долари
Коцкастата лубеница е карактеристична за Јапонија, но на пазарот е најбарана од страна на Русите, кои во московските супермаркети плаќаат и по 800 долари за една лубеница.
4. Јапонска црна лубеница, 6.300 долари
Црната лубеница е 100% производ креиран од Јапонците. Таа расте само во северниот дел на Јапонија, односно во Хокаиди регионот. Поради карактеристичните услови кои му се потребни на ова овошје за да израсне, годишно се произведуваат само 1.000 парчиња.
3. Јапонско грозје со боја на рубин, 6.400 долари
Грозјето со боја на рубин расте само на едно место во светот, во Јапонија. Секое зрно тежи по 20 грама и содржи 18% природен шеќер. За прв пат овој производ почнал да се продава во 2008 година, кога неговата првична цена била 918 долари за еден грозд. Денеска неговата цена достигнува неверојатни 6.400 долари.
2. Британски ананас, 16.500 долари
Ананасот е карактеристичен за егзотичните места каде летото никогаш не завршува. Оваа специјална врста на ананаси започнува да се произведува во Британија уште во 19 век. Ананасите растат во специјално создадени стакленици.
1. Кралска диња, 26.000 долари
Кралската диња е уште еден совршен производ кој доаѓа од Јапонија. Овој вид на диња е добиен со мешање со две врсти на лубеници и има специфичен вкус. Дињите растат во специјално изработени стакленици каде е потребна одредена температура, без влијание на временските услови.