Мобилните телефони се нешто без кое денес не можеме. Паметните телефони не се користат само за повици, пораки, мејлови. Тие ги заменија и фотоапартите во секојдневието на луѓето. Во трката за престиж, одредени компании создадоа свои ограничени верзии на паметни телефони кои чинат и до стотици илјади долари. За нивна изработка користени се титаниум, кожа, дијаматни, злато. Еве некои од најлуксузните смартфони.
5. TAG Heuer Meridiist: 6.100 долари
Моделот TAG Heuer Meridiist е препознатлив по својот дисплеј од сафирни кристали и челична конструкција. Завиткан е во кожа од алигатор, а во одредени делови е и позлатен и покриен со дијаманти. Смартфонот има место за две СИМ картички и има две автоматски временски зони.
4. Vertu Ti: 9.600 долари
Моделот Vertu Ti ја однесе ексклузивноста на едно сосема ново ниво. Неговиот дисплеј е од сафирни кристали, рабовите на телефонот се од титанум, а останатата површина е од кожа. Смартфонот има две камери од 8 мегапиксели. Паметниот телефон е во три бои и тоа титаниумска, црвена, како изгрејсонцето и полноќно сина и е навистина софистициран додаток за елитата.
3. Vertu Ti Ferrari Limited Edition: 16.309 долари
Овој модел на смартфони е направен во ограничена верзија. Ферари телефоните се составени од титаниум и дијаманти. Перницата на смартфонот е направена од Alutex и е зашиена со кожа во црно-црвена боја. Alutex е материјалот кој се користи за внатрешноста на ферари автомобилите.
2. Savelli Jardin Secret: 118.000 долари
За изработка на овој телефон, комбинирани се 11 различни модели на Андроид телефони. Savelli Jardin е смартфон дизајниран само за женската популација. Овој телефон содржи 18 каратно злато и керамички легури. Дисплејот е од сафирни кристали. Телефонот е привлечен за женската популација поради неговата форма која е во вид на женско тело со облини.
1. Ulysse Nardin Chairman Diamond Edition: 129.000 долари
Овој телефон уште се нарекува и часовник со ДНК. Тој е составен рачно и вклучува ротор кој се надоврзува на батеријата со помош на кинетичка енергија. Има меморија од 32 гигабајти, а екранот му е составен од кристали од сафир. За изработка на овој модел на смартфон користени се и 3.000 дијаманти.