Најлуксузните приватни подморници

91

Познатиот милијардер, Роман Абрамович, рекол доколку ја најдете мојата подморница, ќе ви ја подарам, но никој досега ја нема пронајдено. Милијардерите вешто ги кријат работите што ги поседуваат, а тоа конкретно може и да се каже и за подморниците. Тие вредат милијарди, а името на сопственикот останува непознато. Верувале или не, само едно лице јавно има кажано дека поседува подморница. Ова е листата на најскапи и најлуксузни приватни подморници во светот:

7. Nomad 1000: 6,5 милиони долари

7

Подморницата Nomad 1000 се користи за бизнис екскурзии. Во неа има соби за престој, кујна, места за гледање на морскиот свет.

6. Proteus: 8 милиони долари

6

Proteus, подморница – јахта, се смета за технолошки најнапредна. Нејзин дизајнер е Herbe Jaubert. Оргиналната Proteus подморница била употребена за снимање на филмот Фантастично патување.

5. Hyper-Sub Submersible Powerboat: 9,5 милиони долари

5

Замислете ја најсовршената комбинација на моќен брод, кој истовремено е и подморница. Тоа е Hyper-Sub Submersible Powerboat. Оваа подморница наликува на филмовите за Џејмс Бонд и е навистина одлична за шпионирање.

4. Жолтата подморница на Пол Ален: 12 милиони долари

4

Ко-основачот на Мајкрософт, Пол Ален поседува жолта подморница. Направена е пред неколку години и на неа можат комфорно да се сместат 10 лица. Идејата најверојатно ја добил од познатата група Битлси.

3. Seattle 1000: 25 милиони долари

3po

Направена е од страна на истата компанија која ја создала подморницата Nomad, но за разлика од неа, Seattle 1000 е многу поголема. Во неа има пет соби, две кујни, спортски дел, визба со вино, дневна соба и соба за вечера.

2. Phoenix 1000: 80 милиони долари

2po

Phoenix 1000 прави Seattle 1000 покрај неа да наликува на јахта. Phoenix 1000 е 100% направена по желбата на сопственикот.

1. Migaloo Submarine-Yacht: 2,3 милијарди долари

1po

Воодушевувачка комбинациија на јахта која се претвора во подморница. Огромната палуба, кога е јахта, содржи бар, хелиодром, базен, лежалки за сонце и место за ручек. Кога се претвора во подморница, делот за ручек, со помош на електричен лифт се спушта надолу. Ова јахта е сон на секој милијардер.