Иако важат за понежен пол, жените и те како знаат да бидат моќни, силни, влијателни, образовани и да можат со своите постапки и одлуки да го променат светот.
За оваа година, според Ceoworld, највлијателна жена во светот е германската канцеларка Ангела Меркел. Таа е на врвот на листата поради тоа што ја предводи најголемата економија во Европа и е една од клучните политички фигури во Европската унија.
Втора најмоќна жена е Ненси Пелоси, уште една жена од политичката сцена, но овој пат од САД. Осумдесетгодишната Пелоси од минатата година е претседателка на Застапничкиот дом на САД, што ја прави единствена жена на ваква функција.
Веднаш за две политички фигури се најде Мелинда Гејтс, позната како сопруга на основачот на Microsoft, Бил Гејтс. Таа на светот му е позната како поранешен директор на компанијата, а сега како коосновач на фондацијата Bill & Melinda Gates, чија основа е филантропијата на светско ниво.
Меѓу 10-те најмоќни жени во светот се најдоа и: Сузан Војчицки (основач на YouTube), Шерил Сендберг (оперативен директор во Facebook), Нирмала Ситараман (економистка и политичарка од Индија, која во моментот е министерка за финансии на Индија), Грета Тунберг (17-годишна Швеѓанка која на светот му се претстави како активистка), Кралицата Елизабета Втора (кралица на Велика Британија), Урсула вон дер Лејен (претседателка на Европската комисија) и Иванка Трамп (американска бизнисменка која е претседателски советник од 2017-та година на нејзиниот татко, Доналд Трамп).
Фото: Freepik