Најмоќните странци во хрватскиот бизнис

84

Редакцијата на хрватскиот неделник Лидер меѓу 200 странци кои управуваат со најголемите компаниски портфолија во Хрватска, ги избра десетте најмоќни.

Најмоќен странец во хрватскиот бизнис е Унгарецот Золтан Алдот, претседател на Управата на Ина, со управувачка моќ од 3,5 милијарди евра. Втор на листата странски менаџери во Хрватска според управувачката моќ (директори, претседатели, членови на управи) е Давор Лукшиќ Ледерер од Чиле, косопственик на Плава лагуна и Лукшиќ група, а на трето е Михаел Георг Милер, Австриец, претседател на Управата на Raiffeisenbank Австрија Загреб.

Понатаму следуваат: Борис Антоловиќ (Словенија), претседател на Управата на Петрол Хрватска, Марко Грбешиќ (БиХ), сопственик на Мепас група, Игор Шпрајцар (Словенија), претседател на Управата на Орбико, Хелмут Фенцл (Австрија), претседател на Управата на Шпар Хрватска, Георг Гавриловиќ (Австрија), сопственик на Гавриловиќ, Андре Марк Прудент – Токаниер (Франција), претседател на Управата на Societe Generale – Сплитска банка и Марко Пејчиноски (Австрија), сопственик на TLM-TVP.

Золтан Алдот (Унгарија)

ZOLTAN ALDOTT

Давор Лукшиќ Ледерер (Чиле)

DAVOR LUKSIC LEDERER

Михаел Георг Милер (Австрија)

MICHAEL GEORG MÜLLER