Злато што може да се јаде, кавијар, јастози и тартуфи – тоа се вообичаените состојки во рецептите на најскапата храна во светот. За да успеете да ги пробате сите, ќе ви требаат многу пари.
Најскапите печурки
Реткоста на овие печурки ја крева нивната цена до 1.000 долари за половина килограм. Мацутаке или Матаче, потекнуваат од Јапонија и растат само во неколку азиски земји. Уништувањето на природните живеалишта на овие диви печурки ги прави уште поретки, а нивното зачувување не е можно.
Најскапата крофна
Оваа крофна има павлака, бели тартуфи, парчиња злато што се јаде и слатко од шумско овошје. Скромен појадок со една таква крофна чини 1.000 долари.
Најскапиот ордевер
Premium Frittata e најскапиот ордевер во светот. Порција од ова мезе чини 1.000 долари. Тоа е приготвено од јастог, јајца и кавијар од есетра кој чини 65 долари за 30 грама.
Најскапиот стек
Телешкото месо е од расата авлига и чини 2.800 долари. Расата авлига се хранат на посебен начин. Освен тоа што има апсурдна цена, ова телешко месо е невообичаено мрсно.
Најскапата пица
Таа се подготвува во Mazzou Pizza во Монтреал, Канада и е поскапа од летен одмор во Мексико. Наречена Miss Verdun, пицата чини 4.250 долари и ги содржи најскапите состојки кои може да се замислат: јастози, кавијар, бели тартуфи и е премачкана е со 24 – каратно злато.
Најскапото овошје
Специјалната сорта на јужното овошје се одгледува во Велика Британија, во мала оранжерија во ботаничката градина на Корнвел. Досега се продадени осум ананаси со цена од 2.000 долари за секој, но еден успеа да привлече особено внимание и достигна цена од 16.500 долари.
Најскапиот кавијар
Ако сте во Лондон и сакате да го пробате најскапиот и најредок кавијар во светот, отидете во Caviar House & Prunier. Најскапиот кавијар доаѓа од Иран и се продава само на едно место во Лондон во златна кутија. Два килограми од овој кавијар чинат 25.000 долари.
Најскапиот десерт
Најскапиот десерт во светот е Frrrozen Haute Chocolate и се подготвува во ресторанот Serendipity 3 од готвачот Стивен Брус. Содржи 28 различни видови на какао и е украсен со 5 грама јадливо 23 – каратно злато. Се сервира во 18 – каратно златен сад, кој има дијаманти, се служи со златна лажичка, украсена со црни, бели и чоколадно кафени дијаманти. Цената му е 25.000 долари.
Најскапата состојка
Тартуфите се најскапата храна во светот, бидејќи се собираат исклучително тешко. Најскапиот бел тартуф беше продаден за 160.000 долари на инвеститор од Хонг Конг и тежеше 1,5 кг.