Верувале или не, но во 90-те години на минатиот век кога технологијата не била развиена до овој степен, се создадени едни од најскапите музички видео спотови во светот. На топ 7 листата се најдоа познати песни, претежно од исти изведувачи. Дали тоа ни говори за нивната ексцентричност и перфекција во работата или тие едноствано биле пред времето, останува на вас да оцените. Ова е топ 7 листата
7. Guns N’ Roses, Estranged (1993) — 4 милиони долари
Estranged е моќна балада, која зад себе има драматичен спот. Оваа песна е последниот дел од трилогијата по Don’t Cry и November Rain.
6. Michael Jackson, Black or White (1991) — 4 милиони долари
Секое музичко видео кое започнува со танцување и гитара на која се свири мелодија од неповторливиот филм Сам дома е одлична. Визуелните ефекти на овој спот е тоа што го прават посебен и многу вреден.
5. Madonna, Bedtime Story (1995) — 5 милиони долари
За снимање на видеото на Bedtime Story биле потребни 6 дена, а потоа уште неколку недели за негово монтирање и финализирање во конечен производ, со вметнувањето на дигиталните ефекти.
4. Madonna, Express Yourself (1989) — 5 милиони долари
Кога беше пуштен во етер, во 1989 година, видео спотот за песната Express Yourself беше најскапото видео кое некогаш било направено. Спотот е моделиран по класичниот филм Metropolis.
3. Madonna, Die Another Day (2002) — 6,1 милион долари
Третиот и најскап спот на Мадона кој се најде на листата е за песната Die Another Day, која беше инспирирана од истоимениот филм за Џејмс Бонд.
2. Britney Spears, Work B—- (2013) — 6,5 милиони долари
Најновото видео на Бритни Спирс се најде на втората позиција на листата на најскапи видео спортови кои некогаш биле создадени.
1. Michael Jackson and Janet Jackson, Scream (1995) — 7 милиони долари
Кралот на поп музиката Мајкл Џенсон и неговата сестра Џенет Џексон се најдоа на шампионското место во трошење на пари за создавање на видео спотови. Видео записот за песната Scream од 1995 година, со потрошени 7 милиони долари и по 19 години не е надминат.