Уметноста нема граници, таа е насекаде околу нас. Ја гледаме на сликите, во дизјанираните парчиња облека, чанти, накит, тетовирањето… Во овој текст ќе ви претставиме еден поинаков вид на уметност, маникирот. Ова е листата на топ 5 најскапи маникири во светот:
5. Леден маникир – 51.000 долари
Дами, доколку сакате вашите нокти да блескаат со 10 каратни дијаманти, тоа можете да го направите со ледениот маникир кој во Лондон е познат како Iced manicure. Чериш Ангула внесе новитет во луксузната уметност за нокти. Таа на врвовите на ноктите става дијаманти, кои подоцна, откако лакот ќе треба да се отстрани, ги претвора во накит за своите клиенти.
4. I Do на Ellie – 55.000 долари
За да бидете платиниумска принцеза, ефектот можете да го постигнете со лакот за нокти I Do на Ellie Cosmetics. Лакот е составен од богата платиниумска пудра и произведен само во ограничена серија во 2005 година. Направен е од чист платиниум, еден од најјаките метали во светот. Продажната цена му изнесува 55.000 долари.
3. Gold rush на Model’s Own – 130.000 долари
Златаната треска или Gold rush на Model’s Own некогаш бил најскапиот лак кој се продавал во светот, по цена од 130.000 долари за едно шишенце. По маникирот, вашите нокти изгледаат како изгравирани златни листови кои имаат нежност на свила при допир. Бојата на шишенцето на лакот е исто така златна и е обложено со 1.118 карати дијаманти.
2. Црниот дијамантски крал на Azature – 250.000 долари
За четвртина милион долари, вашите нокти можат да блескаат со 267 карати црни дијаманти. Дизајнерот за накит Azature во 2012 година во продажба го лансира Црниот дијамантски крал или Black Diamond King, кој за брзо време стана и најскапиот лак на светот, но и најскапиот лак кој се користи за сликање на нокти. Го носеле многу славни личности меѓу кои е и Кели Озборн.
1. Белата дијамантска кралица на Azature – еден милион долари
На врвот на топ 5 листата се најде уште еден производ на Azature. Белата дијамантска кралица или White Diamond Queen, е карактеристичен по неговото шишенце – рачката е облеана со 98 каратни дијаманти. Маникирот со овој лак на светот му го претстави Кели Озборн во 2012 година. Лакот беше претставен од страна на Фондацијата за заштита на болните од лупус во Лос Анџелес и посветен е на Тони Брекстон, која боледува од оваа болест.