Најскапиот порцелан во светот

392

Природа, човечки активности, мотиви од цвеќиња и животни е она што најчесто рачно е насликано на порцеланот. Боите кои се користеле за изработка на порцеланските производи во одредени периоди биле поскапи и повредни и од златото. Цените на порцеланот зависат и од тоа какви бои биле користени, односно доколку порцеланот бил насликан со црвена боја, боја која се смета дека носи радост и среќа, цената на ексклузивното парче е многу повисока од вообичаено. Ова е листата на топ 5 најскапи порцелани во светот.

5. Joseon: 1,2 милиони долари

Korean-Joseon-Porcelain-Jar-410

Чо Сон процеланот е вид на бел порцелан кој е карактеристичен за династијата Чо Сон, која се смета за една од оние корејски династии кои најдолго владееле, поточно од 1393 до 1910 година. Во текот на нивното 5 вековно владеење порцеланот бил подложен на многу трансформации. Теглата од бел порцелан била продадена за 1,2 милиони долари.

4. Blood Red: 9,5 милиони долари

red-Chinese-bowl

Во кинеската култура црвената боја се смета за боја на радоста, среќата, а нејзиното комбинирање со порцелан е многу популарна, но и скапа за изработка. Црвениот порцелан бара скапи материјали што дополнително ја подига цената на овие производи. Садот од црвениот порцелан со две цвеќиња лотус бил продаден за 9,5 милиони долари.

3. Jihong: 10 милиони долари

Ming-Dynasty-Vase-2

Jihong порцеланот, кој значи жртвено црвена, во династијата Минг се користел кога се принесувала жртва. Вазните биле најчесто декорирани со бисери, жад, корали, рубини и злато. Бакар-црвената вазна од династијата Минг била продадена во 2006 година за 10 милиони долари.

2. Blue and White: 21,6 милиони долари

ming-2

Кобалтно синиот порцелан датира од 9 век од провинцијата Хен ан во Кина. Кобалтно сината боја во тој период во Кина чинела двапати повеќе од златото. Овој вид на порцелан бил препознатлив за императорот Kangxi од династијата Кинг кој владеел меѓу 1661 и 1722 година. Сино-белата императорска вазна била продадена за 21,6 милиони долари.

1. Qing Dynasty: 84 милиони долари

119958534_374391c

Вазната е изработена од автентичен ориентален порцелан. Таа содржи само две состојки – камен и глина. Вазната датира од 1740-те години кога во Кина владеела династијата Кинг. Вазната била продадена за 84 милиони долари на познат кинески индустријалец.