Најскапите брендови на чанти во светот

671

Од светски познати брендови до релативно непознати дизајнери, крокодилска кожа, дијаманти и злато, еве што се се најде на листата Најскапи чанти во светот.

Lana Marks

lana m

Овој бренд е познат по дизајнирање на кожни чанти, кои што се достапни во 150 стилови и форми и 100 различни нијанси. Овие чанти се најмногу популарни кај познатите Холивудски ѕвезди.

Hilde Palladinо

cotsliet-bag-gadino-bag

Чантата Gadino која е направена од бела крокодилска кожа и 39 дијаманти кои се наоѓаат на механизмот за затворање е креација на една релативно непозната модна дизајнерка од Норвешка, Хилде Паладино.

Prada

Prada-Tessuto-Gaufre-Tote-BN1336-QR1-F0002-zoom

Познатата италијанска модна куќа Прада постои уште од далечната 1913 година. Нејзините чанти се секогаш на врвот, додека нивниот дизајн од година во година е се подобар.

Judith Leiber

Judith-Leiber-Black-Stardust-bag

Дизајнерката на овие чанти доаѓа од Унгарија, а нејзината компанија беше основана во 1963. Брендот е познат по своите светкави чанти обложени со кристали и скапоцени камења. Најмногу се популарни кај првите дами од различни контиенти.

Fendi

negro-bolsa-de-fendi-b0434277918

Луксузната модна куќа Фенди постои уште од далечната 1925 година и најмногу е позната по чантите baguette или само B. Овие стилизирани чанти се изработуваат од бела кожа од јагне, кожа од црн крокодил и уште неколку други дизајни, а чинат околу 28.000 долари.

Marc Jacobs

00590m

Ексклузивната чанта Carolyn Crocodile го вивна овој бренд многу високо. Нејзината цена е 50.000 долари, а е изработена од виолетова крокодилска кожа. Луксузната чанта Carolyn е досега најпопуларен моден додаток што овој бренд го лансирал на пазарот.

Chanel

Diamond-Forever-by-Chanel

Светски познатата модна куќа Шанел целосно го смени својот концепт со лансирањето на своите ексклузивни Diamond Forever Tote чанти со цена од 261.000 долари. Модната куќа изработи само 13 вакви уникатни чанти, чија основа е крокодилска кожа со матиран финиш. Секоја од токите на чантите е украсена со 334 дијаманти наместени на 18-каратно бело злато.

Hermes

Hermes-Ultra-Rare-30cm-Matte-White-Himalayan-Crocodile-Birkin-Bag-500x601

Познатата Биркин чанта, која го добила името по глумицата и пејачка Џејн Биркин, е дело токму на овој бренд и е воедно и најскапата чанта произведена од модната куќа со цена од 120.000 долари. Луксузната Биркинка е изработена од крокодилска кожа, украсена со 10 каратни дијаманти кои лежат на подлога од бело злато.

Mouawad

release_diamond_purse1

Дијамантската чанта Mouawad 1001 Nights, која е направена од 18 каратно злато и обложена со повеќе од 4.500 дијаманти, чини неверојатни 3,8 милиони долари. Со оваа цена таа во 2010 си заслужи место во Гинисовата книга на рекорди за најскапа чанта во светот.

Louis Vuitton

Louis_Vuitton_Monogram_Canvas_M40249_Handbags

Оваа француска модна куќа е симбол за класа и елеганција повеќе од два века. Почнувајќи од нејзината Raindrop Besace, водоотпорна чанта која чини 2000 долари, па се до New Age Traveler, патничка торба со кабли за телефони, која чини 55.000 долари, брендот го задоволува вкусот на речиси секој купувач.