Многу луѓе секојдневно користат лаптопи и ги носат во своите чанти. Колку пари сте подготвени да потрошите за таква чанта?
Видете кои се 5-те најскапи чанти за лаптоп во светот:
5. Tumi: 3.090 долари
Компанијата е основана во 1975 година и го носи името на перуанското божество. Стационирана е во Франција и прави луксузни чанти и куфери.
4. Melrose Avenue: 3.550 долари
Оваа чанта е модел на Louis Vuitton. Внатре има три прегради, од кои едната се затвора во катанец за поголема безбедност на вашиот лаптоп. Ја има во различни бои – розова, виолетова и сина.
3. Lucrin Laptop Bag од кожа на ној: 4.785 долари
Кожата од ној е користена за изработка на чантата одвнатре и однадвор. Има џебови за мобилни телефони и ја има во различни бои.
2. President Classeur: 9.900 долари
Оваа чанта чини повеќе од секој лаптоп (освен ако не е покриен со дијаманти). Внатре има простор за документи, па дури и една специјална преграда за клучеви.
1. Coverbee Diamond Laptop Sleeve: 11 милиони долари
Оваа дури не личи на чанта, туку наликува на футрола. На неа има 8.800 дијаманти и кожа од сибирски тигар, кој е во фаза на истребување во Русија, што го навлекува гневот на многу активисти за заштита на животните. Улогата на кожата е да го штити лаптоп од гребнатини кои би можеле да се добијат од дијамантите.