Најскапите дворци кои некогаш биле продадени

103

Домот за секој човек е негов дворец. Но, за некои луѓе, нивните домови и буквално се дворци. Во денешно време дворците не се резервирани само на членовите на кралските семејства. Тие можат да бидат купени како и секој луксузен имот, доколку можете да си го дозволите тоа. Ова е листата на 5-те најскапи дворци кои некогаш биле продадени.

5. Schloss Neidstein во Баварија, 2,5 милиони долари

2nicolas_cage_sells_castle_

Овој дворец му припаѓаше на актерот Николас Кејџ и беше во негова сопственост од 2006 година. Во 2009 година го продаде за цена од 2,5 милиони долари на адвокат од Амберг.

4. Devizes Castle во Вилтшир, 3,2 милиони долари

castle71200-1

Овој дворец, изграден во викторијански стил, датира од 12 век. Во 2010 година е купен од страна на дизајнерката Џулија Демпстер за 3,2 милиони долари.

3. Belcourt Castle во Њупорт, 3,6 милиони долари

BelcourtCastle-East02

Дизејнерката за накит Каролин Рафаелијан во 2012 година го купи Belcourt Castle за 3,6 милиони долари. Овој дворец има неславна репутација. За него се вели дека е опседнат. Тој е изграден во готски стил.

2. Seton Castle во Шкотска, 8 милиони долари

low-res-facebook-20-of-212

Seton Castle се смета за шкотски најскап дом. Продаден е во 2007 година за 8 милиони долари.

1. Ashford Castle во Ирска, 68 милиони долари

xThe Quiet Man Ashford Castle

Ashford Castle е најстариот дворец во Ирска. Тој низ вековите бил постојано надградуван. Изграден е во 1228 година. Често менувал сопственици. Од дворец е преадаптиран во луксузен хотел. Во 2013 година станува дел од ланецот Red Carnations Hotels.