Хибридните автомобили се исклучително модерни деновиве. Многу луксузни автомобили можат да бидат купени со опција хибриден мотор, но тие обично се ужасно скапи. Таквите модели се нудат од Porsche, Cadillac и други. Видете кои се најскапите хибридни автомобили за 2013 и 2014 година. Наведените цени се за базни модели и можат да се зголемат при додавање на дополнителна опрема:
10. Lincoln MKZ – 35.000 долари
Има 4 – цилиндричен мотор, со кожен ентериер. Цената оди до 40.000 долари.
9. Audi Q5 – 51.000 долари
Овој модел има 4 – цилиндричен мотор, аудио опрема од Band & Olufsen со можност за Wi-Fi, што придонесува за високата цена.
8. Infiniti M35h – 53.000 долари
Има 3.5L V6 мотор со автоматски менувач со 7 брзини.
7. Porsche Cayenne Hybrid – 70.900 долари
Има 3.0L V6 мотор и автоматски менувач со 8 брзини. Моделот од 2009 година стартуваше со цена помала од 68.000 долари.
6. Cadillac Escalade Hybrid – 74.500 долари
Моторот е со 8 цилиндри, но доколку се користи гориво, 4 од нив можат да бидат деактивирани.
5. Cadillac ELR – 75.000 долари
Може да измине 480 км со едно полнење.
4. BMW Active Hybrid 740 – 84.000 долари
Има 3 литарски I6 мотор.
3. Mercedes-Benz S 400 – 92.000 долари
Располага со 3,5 литарски V6 мотор. Има камера за движење наназад, масажери на седиштата и има опција да се движи и на бензин и на дизел.
2. Porsche Panamera S E-Hybrid – 99.000 долари
Постигнува максимална брзина од 268 км на час.
1. Lexus LS 600 h – 120.000 долари
Овој модел има 5 литарски V8 мотор и достигнува брзина од 100 км на час за помалку од 6 секунди.